Подготовка за работа
За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се продолжи на левата и десната страна со помош на продолжетоците (25).
- Олабавете ја завртката за затворање (24).
- Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за сечење (25) до саканата должина.
- За фиксирање на продолжетокот на масата за сечење повторно затегнете ја завртката за затворање (24).
Флексибилниот систем за приклучување на основите на делот за обработка (26) ви овозможува различни опции за продолжување или проширување.
- По потреба, приклучете ја основата на делот за обработка (26) во прифатите (47) на електричниот алат или во прифатите (48) на втората основа на делот за обработка.
- Никогаш не го носете електричниот алат за основите на делот за обработка.
За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт.
При сечење на хоризонтални и/или вертикални агли со закосување во зависност од правецот на сечење, мора да ја извлечете нанадвор одн. сосема да ја извадите левата или десната подеслива гранична водилка (28).
Вертикален агол на закосување | Хоризонтален агол на закосување | |
---|---|---|
0°–22,5° | > 0° |
|
22,5°−47° | ≤ 48° |
|
За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот за обработка.
Не обработувајте делови за обработка, кои се премали за добро да се прицврстат.
- Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки (28) и (27).
- Вметнете ја испорачаната столарската стега (41) во отворите предвидени за таа намена (42).
- Прилагодете ја навојната прачка (40) на столарската стега според висината на делот што се обработува.
- Цврсто затегнете ја навојната прачка (40) и со неа фиксирајте го делот што се обработува.