Транспорт на електричниот алат (види слика W)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:
- Олабавете ја завртката за фиксирање (1), доколку таа е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање.
- Проверете дали граничникот за длабочина (39) е навален сосема наназад и завртката за подесување (38) при движењето на рачката на алатот не се допира.
- Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
- Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат. Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате.
- Поставете ја транспортната дршка (3) вертикално.
- Електричниот алат носете го со транспортната рачка (3) или фатете го за жлебовите за држење (61) странично на масата за пила.
- За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди или основите на делот за обработка.