Ставање во употреба

  • Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За Вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред, така што на прекинувачот ќе се појави „I“.

За Исклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) наназад, така што на прекинувачот ќе се појави „0“.

  • Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (2).

За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (2) држете го притиснат и турнете ја блокадата (1) кон десно или лево.

За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2). Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (2) е блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.

Константната електроника одржува постојан број на удари при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.

Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (2).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (2) се постигнуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.

Со копчето за подесување на претходното избирање на број на работни одови (3) можете истите претходно да ги изберете и потоа да ги промените во текот на работата.

Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.

Се препорачува намалување на бројот на работни одови:

  • кога го поставувате сечилото на пилата на делот што се обработува за да може попрецизно да го поставите сечилото на пилата,
  • при сечење на пластика и алуминиум за да се спречи топење на материјалот.

При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.