Вметнување/замена на сечилото за пилата (опрема)

Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за пила со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило). Сечилото за пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за предвидениот рез.

За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за пила.

  • Исчистете го сечилото на листот за пила пред вметнувањето. Нечистото сечило не може да се прицврсти стабилно.

Притиснете го SDS-лостот (8) нанапред до крај и држете го притиснато. Вметнете го сечилото за пила (10) со запците во правец на резот, додека не се вклопи во прифатот за сечило за пила (13).

При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (9).

  • Проверете дали е стабилно сечилото за пила. Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди.

  • При вадењето на сечилото за пила држете го електричниот алат така што нема да се повредат лица или животни со исфрленото сечило.

Притиснете го SDS-лостот (8) до крај нанапред. Листот за пилата ќе се отпушти и ќе се исфрли.