Напомени за работењето
Општи напомени за сечење
- При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека сечилото за пила во ниеден момент нема да ги допре граничниците или другите делови на уредот.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Внимавајте клинот за разделување да биде во линија со сечилото за пила.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се обработува мора да има секогаш прав раб за поставување на паралелниот граничник.
Секогаш чувајте ја водечката летва на електричниот алат.
Не користете го електричниот алат за правење засеци, жлебови или процепи.
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат (види слика E).
Позиција на корисникот (види слика F)
- Не застанувајте во една линија со сечилото за пила пред електричниот алат, туку секогаш странично од сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е заштитено од можен повратен удар.
- Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкото сечило за пила.
Притоа внимавајте на следниве напомени:
- Делот што се обработува држете го безбедно со двете раце и цврсто притиснете го на масата за пила, особено кога се работи без граничник.
- Користете ја испорачаната подвижна водечка летва кога сечете тесни делови за обработка.