Подесување на хоризонталниот агол на закосување
За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
Напомена за подесување на хоризонтални агли на закосување > 45°:
Пред подесување на аголот на закосување, целосно извлечете ги продолжетокот на масата за пила (29) и подесливата гранична водилка (2).
За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонтални агли на закосување на масата за пила има жлебови (27):
лево | десно |
---|---|
0° | |
45°; 31,6°; 22,5°; 15° | 15°; 22,5°; 31,6°; 45°; 60° |
- Отпуштете го копчето за фиксирање (23), доколку е затегнато.
- Повлечете го лостот (24) и свртете ја масата за пила (20) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
- Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање (23).
Хоризонталниот агол на закосување може да се подеси во граници од 52° (на левата страна) до 60° (на десната страна).
- Отпуштете го копчето за фиксирање (23), доколку е затегнато.
- Повлечете ја рачката (24) и истовремено притиснете ја стегата за фиксирање (22), додека таа не се вклопи во жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за пила ќе биде слободно подвижна.
- Вртете ја масата за пила (20) со држачот налево или надесно додека агломерот (26) не го покаже саканиот хоризонтален агол на закосување.
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање (23).
- За повторно да ја олабавите рачката (24) (за поставување на хоризонтални стандардни агли на закосување), повлечете ја рачката нагоре.
Стегата за фиксирање (22) скокнува назад во првобитната позиција и рачката (24) може повторно да се вклопи во жлебовите (27).