Работење со литиум-јонски батериски пакет

Ставање/менување на литиум-јонски батериски пакет

Поставете го литиум-јонскиот батериски пакет (10) во мерниот уред и вртете го вртливиот затворач (6) така што, окцето ќе може да се преклопи на литиум-јонскиот батериски пакет.

За отстранување на литиум-јонскиот батериски пакет (10) преклопете го окцето на вртливиот затворач (6) и завртете го за 90°. Извадете го литиум-јонскиот батериски пакет од мерниот уред.

Полнење на литиум-јонскиот батериски пакет

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Отворете го поклопецот на USB Type-C®-портата (7). Поврзете го USB-приклучокот во USB-мрежниот напојувач со USB-кабел (18). Поврзете го USB-мрежниот напојувач во струја.

Индикатор за промена на боја (5)

Значење

Жолта

Литиум-јонскиот батериски пакет е делумно наполнет.

Зелена

Литиум-јонскиот батериски пакет е целосно наполнет.

Црвена

Номиналниот напон или струјата за полнење не се соодветни.

Кога полнењето ќе заврши, извадете го USB-кабелот (18). Затворете го капакот на USB Type-C®-портата (7) за заштита од прав и вода.