Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење и четкање на метал, камен, пластика и композитни материјали, како и грубо брусење во камени материјали со дијамантска крунеста бургија без употреба на вода. Внимавајте на тоа, да го користите правилниот заштитен капак види Употреба.
При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат може да се користи за брусење со брусна хартија.
Електричниот алат не смее да се користи за брусење камени материјали со дијамантски дискови за брусење, за брусење метал и камен со лончеста плоча или за обработка на композитни материјали.