Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
При работа на електричниот алат со мобилни произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не располагаат со соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење на јачината или нетипично однесување при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот на струја, особено во поглед на мрежниот напон и фреквенција.
- Држете го уредот само за изолираните рачки и дополнителната рачка. Алатот за вметнување може да дојде во контакт со скриени струјни кабли или сопствениот кабел. Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар.
Вклучување/исклучување
Конструкција на прекинувачот со блокада
За ставање во употреба на електричниот алат, притиснете го најпрво прекинувачот за вклучување/исклучување (2) ➊, потоа турнете го нанапред ➋. Притиснете го на крај и држете го притиснат ➌.
За заклучување на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (2) вметнете го прекинувачот за исклучување/вклучување (2) нанапред ➍.
За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и потоа отпуштете го.
Конструкција на прекинувачот без блокада
За ставање во употреба на електричниот алат, притиснете го најпрво прекинувачот за вклучување/исклучување (2) ➊, потоа турнете го нанапред ➋. Притиснете го на крај и држете го притиснат ➌.
За да го исклучите, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
- Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.