Одредување на број на вртежи
(GWS 14-125 S / GWS 17-125 S / GWS 17-125 TS / GWS 17-125 S INOX / GWS 17-150 S / GWS 17-125 SB / GWS 17-125 PS / GWS 17-150 PS / GWS 17-125 PSB)
Со вртливото копче за претходно подесување на бројот на вртежи (5) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот, кога филтерот за прав (4) не е монтиран. Во спротивно, претходно отстранете го филтерот за прав (4). Податоците во приложената табела се препорачани вредности.
Материјал | Примена | Алат за вметнување | Позиција на копчето за подесување |
---|---|---|---|
Метал | Отстранување на боја | Брусно сечило | 2−3 |
Метал | Четкање, вадење 'рѓа | Лончести четки, лист за брусење | 3 |
Не'рѓосувачки челик | Брусење | Брусна плоча/влакнест диск | 4−6 |
Метал | Грубо брусење | Брусна плоча | 6 |
Метал | Сечење | Диск за сечење | 6 |
Камен | Сечење | Дијамантски диск за сечење | 6 |
- Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
Степен | GWS 14-125 S | GWS 17-125 S INOX | GWS 17-125 TS |
---|---|---|---|
1 | 2800 | 1900 | 2400 |
2 | 4500 | 3300 | 4100 |
3 | 6300 | 4400 | 5400 |
4 | 8200 | 5400 | 6700 |
5 | 9800 | 6500 | 8000 |
6 | 11.500 | 7800 | 9700 |
Зададените вредности за степенот на вртежи се референтни вредности.