Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење и четкање на метал, камен, пластика и композитен материјал, за грубо брусење на метал, пластика и композитен материјал како и за дупчење во камени материјали со дијамантска крунеста бургија без употреба на вода. Притоа, осигурајте се дека користите правилна заштитна хауба види Употреба.
При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат може да се користи за брусење со брусна хартија.
Електричниот алат не смее да се користи за брусење камени материјали со дијамантска лончеста плоча.