Одредување на број на вртежи
(GWS 18V-15 SC / GWS 18V-15 PSC)
Напомена: индивидуалното претходно поставување на број на вртежи со до 6 степени на вртежи е достапно само со активиран Bluetooth ® Low Energy Module GCY 42 (не е вклучено во стандардниот обем на испорака).
Во фабричката поставка претходно се поставени 3 степени на вртежи. Преку специјална апликација (Bosch Toolbox App) може да се програмираат до 6 степени на вртежи.
Доколку се промени бројот на степени на вртежите, вредностите на поединечните нивоа се стандардно прилагодени. Во овој случај, приказот за степенот на вртежи/режимот (40) свети бело. Доколку една вредност на вртежниот момент е индивидуално програмирана, приказот за степенот на вртежи/режимот (40) приказот за овој степен на вртежен момент свети плаво (тоа значи дека не е според основното поставување). Индивидуалното поставување на степените на вртежи е можно во чекори од по 200 min-1. Внимавајте на нагорната логика на степени (2 ≥ 1 / 3 ≥ 2 итн.).
Следните табели ги прикажуваат претходно подесените степени на вртежи (основни поставки) за секој програмиран број на степени.
GWS 18V-15 SC | Основна поставка за број на вртежи при степен | |||||
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
[min–1] | [min–1] | [min–1] | [min–1] | [min–1] | [min–1] | |
Број на степени на вртежи | ||||||
2 | 3400 | 9800 | – | – | – | – |
3 | 3400 | 6600 | 9800 | – | – | – |
4 | 3400 | 5600 | 7600 | 9800 | – | – |
5 | 3400 | 5000 | 6600 | 8200 | 9800 | – |
6 | 3400 | 4600 | 6000 | 7200 | 8600 | 9800 |
Зададените вредности за степенот на вртежи зависат од употребената батерија, состојбата на наполнетост, како и оперативната температура на уредот.
GWS 18V-15 SC | Основна поставка за број на вртежи при степен | |||||
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
[min–1] | [min–1] | [min–1] | [min–1] | [min–1] | [min–1] | |
Број на степени на вртежи | ||||||
2 | 2600 | 7400 | – | – | – | – |
3 | 2600 | 5000 | 7400 | – | – | – |
4 | 2600 | 4200 | 5800 | 7400 | – | – |
5 | 2600 | 3800 | 5000 | 6200 | 7400 | – |
6 | 2600 | 3600 | 4600 | 5400 | 6400 | 7400 |
Зададените вредности за степенот на вртежи зависат од употребената батерија, состојбата на наполнетост, како и оперативната температура на уредот.
Со копчето за избор на број на вртежи (39) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата. Податоците во приложената табела се препорачани вредности за фабричката поставка со 3 претходно подесени степени на вртежи.
Материјал | Примена | Алат за вметнување | Степен на избор на вртежи | GWS 18V-15 SC GWS 18V-15 PSC (125 mm) [min–1] | GWS 18V-15 SC (150 mm) [min–1] |
---|---|---|---|---|---|
Метал | Отстранување на боја | Брусно сечило | 1 | 3400 | 2600 |
Метал | Четкање, вадење 'рѓа | Лончести четки, лист за брусење | 1 | 3400 | 2600 |
Не'рѓосувачки челик | Брусење | Брусна плоча/влакнест диск | 2 | 6600 | 5000 |
Метал | Грубо брусење | Брусна плоча | 3 | max | max |
Метал | Сечење | Диск за сечење | 3 | max | max |
Камен | Сечење | Дијамантски диск за сечење | 3 | max | max |
- Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.