Поставување на водилката (види слика G)

Секогаш користете ја водилката за безбедно и прецизно сечење (10).

Прилагодете ја должината на водилката на соодветното парче за сечење.

За да го направите ова, олабавете ги двете завртки (18) од водилката со француски клуч (8). Извлечете ја водилката (10) најмногу што може. Повторно затегнете ги двете завртки (18) со француски клуч (8).

За транспорт и складирање на електричниот алат, може да ја турнете водилката (10) наназад најмногу што може.