Подесување на хоризонталниот агол на закосување

Напомена за подесување на хоризонтални агли на закосување > 45°:
Пред подесување на аголот на закосување, целосно извлечете ги продолжетокот на масата за пила (13) и подесливата гранична водилка (15).

Поставување на хоризонтални стандардни агли на закосување

За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонтални агли на закосување на масата за пила има жлебови (25):

лево

десно

45°; 31,6°; 22,5°; 15°

15°; 22,5°; 31,6°; 45°; 60°

  • Отпуштете го копчето за фиксирање (21), доколку е затегнато.
  • Повлечете го лостот (22) и свртете ја масата за пила (16) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
  • Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Повторно затегнете го копчето за фиксирање (21).

Поставување на хоризонтални агли на закосување

Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 52° (на левата страна) до 60° (на десната страна).

  • Отпуштете го копчето за фиксирање (21), доколку е затегнато.
  • Повлечете ја рачката (22) и истовремено притиснете ја стегата за фиксирање (20), додека таа не се вклопи во жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за пила ќе биде слободно подвижна.
  • Вртете ја масата за пила (16) со држачот налево или надесно додека агломерот (24) не го покаже саканиот хоризонтален агол на закосување.
  • Повторно затегнете го копчето за фиксирање (21).
  • За повторно да ја олабавите рачката (22) (за поставување на хоризонтални стандардни агли на закосување), повлечете ја рачката нагоре.
    Стегата за фиксирање (20) скокнува назад во првобитната позиција и рачката (22) може повторно да се вклопи во жлебовите (25).