Промена на алат
Капакот за заштита од прав (3) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (3) е оштетен.
- Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Замена на алат (SDS-plus)
Ставање на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика C)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и лесно да го замените алатот што се вметнува без користење на дополнителни алати.
- Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го.
- Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
- Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се маневрира поради системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката, бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика D)
- Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.
Замена на алат, запчеста глава за дупчење
Ставање на алатот за вметнување (види слика E)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење или длетување.
- Вметнете запчеста глава за дупчење (19).
- Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (19), додека не се отвори за да може да вметне алатот. Вметнете го алатот.
- Клучот за затегнување на главата за дупчење (21) ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење (19) и рамномерно затегнете го алатот.
- Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (13) во позиција „Дупчење“.
Вадење на алатот за вметнување (види слика F)
- Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење (19) со помош на клучот за затегање на главата за дупчење (21) во правец спротивен на стрелките на часовникот, додека не се извади алатот за вметнување.