Складирање и транспорт
Чување на елементите на уредот (види слики O1–O2)
Електричниот алат Ви нуди можност сигурно да ги прицврстите елементите на уредот при чување.
- Олабавете го дополнителниот паралелен граничник (43) од паралелниот граничник (5).
- Сите олабавени делови на уредот ставете ги во депото за чување на куќиштето (види долунаведена табела).
Елемент на уредот |
Депо за чување |
---|---|
Паралелен граничник (5) |
свртете го, закачете го од долу во шините-водилки и фиксирајте ја затегнувачката дршка (41) |
Подвижна водечка летва (12) | вметнете ја во депото (67) |
Заштитен поклопец (3) | закачете го во делот на држачот (11) и затегнете со затезниот лост (39) |
Клуч со внатрешна шестаголна глава (10) | вметнете ја во депото (68) |
Прстенестиот клуч (9) | вметнете го во депото (69) |
Аголен граничник (2) | вметнете го во депото (7) |
Дополнителен паралелен граничник (43) | вметнете го во жлебот на задниот дел од паралелниот граничник (5) затегнете го со помош на пеперутка-завртката. |
Носење на електричниот алат
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:
- Поставете го електричниот алат во транспортна позиција види Транспортна позиција.
- Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате. - Притиснете на проширувањето на масата за сечење (6) целосно навнатре и притиснете на затезната рачка (13) за фиксирање надолу.
- За подигање или транспорт користете ги рачките за носење (29).
- За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.