Употреба
- Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
- Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
- Внимавајте на правилната аклиматизација на мерниот уред. При големи температурни осцилации времето на аклиматизација може да изнесува до 60 мин. Ова може на пример да се случи ако го чувате мерниот уред во ладен автомобил и потоа спроведувате мерење во топла зграда.
- Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силните надворешни влијанија и при девијации во функционалноста, мерниот уред треба да се провери во овластена сервисна служба на Bosch.