Објаснување на поимите

Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/thermal.

Инфрацрвеното топлинско зрачење претставува електромагнетско зрачење кое се испраќа од секое тело над 0 келвини (−273 °C). Количината на зрачењето зависи од температурата и степенот на емисија на телото.

Степенот на емисија на еден објект зависи од материјалот и структурата на неговата површина. Тој означува колкаво инфрацрвено топлинско зрачење оддава објектот во споредба со идеален топлински емитер (црни тела, степен на емисија ε = 1) и изнесува вредност помеѓу 0 и 1.

Топлинскиот мост е означен како место на надворешниот ѕид на зграда, каде што поради конструкцијата доаѓа до локално зголемена загуба на топлина.

Топлинските мостови може да доведат до зголемен ризик од мувла.

Рефлектирачката температура е топлинско зрачење што не доаѓа од самиот објект. Зависно од структурата и материјалот, околните зраци се рефлектираат во објектот што треба да се мери и со тоа се нарушува реалниот резултат на температурата.

Растојанието меѓу мерниот предмет и мерниот уред влијае на големината на површината снимена по пиксел. Со зголемено растојание до предметот може да се регистрираат поголеми објекти.

Оддалечување (m)

Големи инфрацрвени пиксели (mm)

Инфрацрвено поле ширина × висина (m)

0,5

3

–0,5 × 0,4

1

6

–1 × 0,75

2

12

–2,05 × 1,5

5

30

–5,1 × 3,8