Мерни функции
За да се повикаат дополнителни функции кои може да Ви бидат од помош кај приказите, притиснете на копчето Func (6). Навигирајте низ прикажаните опции со копчињата со стрелки лево (12) одн. десно (8) за да изберете функција. Изберете функција и повторно притиснете го копчето Func (6).
На располагање ги имате следните мерни функции:
- <Автоматски>
Распределбата на бои се врши автоматски на термалната слика.
- <Пребарувач на топли делови>
Во оваа мерна функција, на мерното поле се прикажуваат само потоплите температури како термална слика. Полето надвор од овие потопли температури се прикажува како реална слика во сиво. Приказот во сиво спречува обоените предмети да бидат неправилно поврзани со температурите (на пр. црвен кабел во разводна кутија при барање на прегреани компоненти). Прилагодете ја скалата со копчињата со стрелка нагоре (5) и надолу (10). Со тоа, прикажаниот температурен опсег се зголемува одн. намалува како термална слика. Мерниот уред продолжува да ги мери минималните и максималните температури и ги покажува истите на краевите на скалата (g).
- <Пребарувач на ладни делови>
Во оваа мерна функција, на мерното поле се прикажуваат само поладните температури како термална слика. Полето над овие поладни температура се прикажува како реална слика во сиво, за обоените предмети да не бидат неправилно поврзани со температурите (на пр. сина рамка од прозорец при пребарување на погрешна изолација). Прилагодете ја скалата со копчињата со стрелка нагоре (5) и надолу (10). Со тоа, прикажаниот температурен опсег се зголемува одн. намалува како термална слика. Мерниот уред продолжува да ги мери минималните и максималните температури и ги покажува истите на краевите на скалата (g).
- <Рачно>
Ако се мерат температури кои многу отстапуваат на термалната слика (на пр. грејно тело како жежок објект при пребарување на топлински мостови), тогаш достапните бои се распределуваат на голем број температурни вредности во опсег помеѓу максимална и минимална температура. Ова може да доведе до тоа, малите температурни разлики да не може детално да се прикажат. За да се постигне детален приказ на температурниот опсег што се истражува, постапете на следниот начин: откако ќе смените во режимот <Рачно>, може да поставите максимална одн. минимална температура. На тој начин може да го утврдите температурниот опсег, кој е релевантен за Вас и во кој ќе препознаете мали температурни разлики. Поставката <Ресетирање на скалата> повторно автоматски ја прилагодува скалата на измерените вредности во видното поле на инфрацрвениот сензор.