Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
- Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате за планираното дупчење. Арматури смее да се сечете само со одобрение на градежен статичар.
- При дупчење во ѕид или под, неопходно е да проверите дали во просторијата постојат препреки. Заклучете го градилиштето и осигурете го јадрото од дупчењето од паѓање со помош на облога.
Пред секој почеток на работата проверете го правилното функционирање на заштитниот прекинувач за диференцијална струја (PRCD) (16):
- Притиснете на копчето TEST на заштитниот прекинувач за диференцијална струја (PRCD). Црвениот контролен приказ се гаси.
- Притиснете на копчето RESET. Сега електричниот алат мора да се изгаси.
Доколку црвениот контролен приказ не се изгаси откако ќе го притиснете копчето TEST, или постојано се гаси при вклучување на електричниот алат, електричниот алат мора да го оставите во сервисната служба на Bosch.
- Доколку заштитниот прекинувач за диференцијална струја (PRCD) е дефектен, електричниот алат не смее да се користи.
Притиснете на копчето RESET на заштитниот прекинувач за диференцијална струја (PRCD) (16).
Мокро дупчење: Поставете ја запорната славина за вода (10) на проток.
За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (1) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување дополнително притиснете на копчето за фиксирање (2).
Отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1). При фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Мокро дупчење: Затворете ја запорната славина за вода (10). По завршување на работата извадете го приклучниот елемент за славината (11) од доводот за вода. Отворете ја запорната славина за вода (10) и испуштете ја преостанатата вода.
Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја.
За повторно вклучување притиснете на копчето RESET на заштитниот прекинувач за диференцијална струја (PRCD) (16). Прекинувачот за вклучување/исклучување (1) ставете го во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат.