Совети при работењето

Испитајте ја околината што сакате да ја проверите, а особено внимавајте на пречките или опасните места.

Свиткајте го кабелот на камерата (13) така што главата на камерата ќе може лесно да се воведе во околината која треба да се истражи. Внимателно водете го кабелот на камерата.

Осветленоста на светлата на камерата (15) прилагодете ја на тој начин што сликата добро ќе се препознае. На пр. кај предметите што имаат јака рефлексија, може да се постигне подобра слика со помалку светло.

Доколку предметите што се бараат се прикажани нејасно, тогаш намалете го или зголемете го растојанието помеѓу главата на камерата (14) и преметот.

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобил во лето.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

 

Причина

Помош

Приказ на грешка на екранот

Кабелот на камерата не е монтиран

Монтирајте го кабелот на камерата.

Micro-SD-картичката не е ставена одн. не е правилно ставена

Ставете ја Micro-SD-картичката и вметнете ја до крај.