Вметнување/вадење на продолжната цевка (види слики C−D)
Вметнете ја продолжната цевка (9) само по потреба: при работење без продолжна цевка, силата потребна за брусење значително се намалува.
Напомена: може да се користат најмногу 2 продолжни цевки.
Олабавете го поврзувањето помеѓу главата за брусење/делот за држење/продолжната цевка (види слика C):
- ➊ Отворете го затегнувачкиот лост (8).
- ➋ Отворете ја куката за заклучување (7).
- ➌ Извлечете ги претходно поврзаните делови.
Заклучете го поврзувањето помеѓу главата за брусење/делот за држење/продолжната цевка (види слика D):
- ➍ Во зависност од саканото поврзување вметнете ја главата за брусење (10), делот за држење (6) одн. продолжната цевка (9) едно во друго.
- ➎ Затворете ја куката за заклучување (7).
- ➏ Притиснете го затегнувачкиот лост (8) додека не биде под прав агол на главата за брусење (10), делот за држење (6) одн. продолжната цевка (9).
- ➐ Цврсто затегнете ја ексцентричната завртка (20).
- ➑ Затворете го затегнувачкиот лост (8).
Проверете дали сите спојки се добро прицврстени и поврзани со куката за заклучување (7) и затегнувачките лостови (8).