Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите може да биде штетна за здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени видови прав се сметаат за канцерогени.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен всисувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Секогаш носете маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Приклучување на всисувач за прав (види слика E)
Изберете една од двете опции за поврзување во зависност од всисувачот за прав што го користите:
- Ставете го цревото за всисување (21) во млазниците за издувување (5) на делот за држење (6) и вклопете го. Цревото за всисување (21) поврзете го со всисувач за прав.
- Ставете го адаптерот (22) во млазниците за издувување (5) и вклопете го. Ставете ја млазницата (23) на всисувачот за прав во адаптерот (22).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.
За големи површини користете го всисусвачот GAS 35 L/M AFC или GAS 55 L/M AFC, бидејќи ја гарантираат потребната моќност на континуирано всисување.
При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што цревото за всисување ќе покажува надолу.
Монтирање/демонтирање на спојницата за црево/кабел (види слика F)
Лизнете ја спојницата за црево/кабел (24) низ цревото за всисување (21). Вметнете го струјниот кабел во жлебот на кабелот на спојницата за црево/кабел.
За демонтирање повлечете ја спојницата за црево/кабел (24) од цревото за всисување (21) и извлечете го струјниот кабел од спојницата за црево/кабел.