Совети при работењето
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
- Не го оставајте електричниот алат на страна. Со тоа може трајно да се деформира брусниот диск.
- Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа.
Вклучете го електричниот алат, поставете го со целата површина за брусење на подлогата што се обработува и движете го со благ притисок преку парчето што го обработувате.
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се одредуваат според изборот на брусното сечилчо, степенот на бројот на вртежи и притисокот на површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и брусниот лист.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch брусна опрема.
Со помош на четката која може да се извади може да го намалите страничното растојание помеѓу ѕидот/таванот и брусниот диск.
- Држете ја притисната блокадата (11) на четката (17).
- Навалете ја четката (17) нанапред и извадете ја.
- За вметнување закачете ја четката (17) на спротивната страна на блокадата (11) и навалете ја до главата за брусење (10) додека не се вклопи.
Во зависност од висината на негативниот притисок, препознаената тежина на алатот може да се намали.
Може да се префрлате помеѓу различни режими на проток на воздух во зависност од наменетата употреба. Свртете го лостот за поставување на силата на всисување (12) во една од 3 позиции.
Положба на прекинувачот | Вид на проток на воздух | Употреба |
---|---|---|
① надворешен проток на воздух | идеален за брусење на ѕидови со голема брзина на брусење и без негативен притисок | |
② вкупен надворешен и внатрешен проток на воздух | среден капацитет на брусење со ефект од негативен притисок | |
③ вкупен надворешен и внатрешен проток на воздух | идеално за брусење на таванот, со мала брзина на брусење, но висок негативен притисок (сила на всисување) за мала препознаена тежина |
Моќта на всисување може да ја поставите за да ја добиете саканата рамнотежа помеѓу брзината на брусење и моќноста на всисување. Регулацијата може да се случи само кога е активиран внатрешниот проток на воздух (позиција ③ во горната табела).
Прилагодете ја јачината на всисување со вртливото копче (1):
- 1−5: мала до голема моќност на всисување, погодно за брусење на тавани
- 6: најголема моќност, погодно за брусење на ѕидови
Започнете со ниска моќност на всисување (позиција 1) и постепено зголемувајте ја додека не почувствувате притисок на површината.
Високата моќност на всисување овозможува брусење без замор на тавани и сидови. Многу висока моќност на всисување може да предизвика вибрирање на електричниот алат и да доведе до влошување на работењето.