Менување на средна подлога (види слика A)
При употреба на мек брусен диск (стандарден опсег на испорака), секогаш мора да се користи средна подлога (14).
За вадење на средната подлога (14) подигнете ја странично и извлечете ја од брусниот диск (16).
Пред да ставите нова средна подлога, отстранете ја нечистотијата и правта од брусниот диск (16), на пр. со четка.
Површината на брусниот диск (16) се состои од лепенка, така што средната подлога ќе може брзо и едноставно да се прицврсти.
Цврсто притиснете ја средната подлога (14) на долната страна на брусниот диск (16).
За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на средната подлога (14) да одговараат со дупките на брусниот диск (16).