Замена на сечилото за пила (види слика A)
За вадење на брусниот лист (13) подигнете го странично и извлечете го од средната подлога (14).
Пред да поставите нов брусен лист, отстранете ја нечистотијата и правта од средната подлога (14), на пр. со четка.
Површината на средната подлога (14) се состои од лепенка, така што брусните листови со лепенка може брзо и едноставно да се прицврстат.
Цврсто притиснете го брусниот лист (13) на долната страна на средната подлога (14).
За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист (13) да одговараат со отворите на средната подлога (14) и дупките на брусниот диск (16).
Напомена: При употреба на средно тврд брусен диск (опрема) не е потребна средна подлога (14), брусниот лист (13) директно се прицврстува на брусниот диск (16). Освен тоа, промената се врши како што е опишано овде.