Транспорт (види слика X)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:
- Олабавете ја завртката за фиксирање (33), доколку таа е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање.
- Проверете дали граничникот за длабочина (32) е притиснат сосема навнатре и завртката за подесување (4) при движењето на кракот на алатот минува низ отворот без да го допре граничникот за длабочина.
- Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
- Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат. Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги транспортирате ставете ги во затворена кутија.
- Врзете го струјниот кабел со лепливата лента (63).
- Електричниот алат носете го со транспортната рачка (3) или фатете го за жлебовите за држење (27) странично на масата за пила.
- За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.