Подготовка за работа
За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се зголеми на левата и десната страна со помош на продолжетоците (13).
- Преклопете го нагоре затегнувачкиот лост (17).
- Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за пила (13) до саканата должина.
- За фиксирање на продолжетокот на масата за пила повторно притиснете го надолу затегнувачкиот лост (17).
При сечење на хоризонтални и/или вертикални агли со закосување во зависност од правецот на сечење, морате да ја извлечете нанадвор одн. сосема да ја отстраните левата или десната подеслива гранична водилка (15).
Вертикален агол на закосување |
Хоризонтален агол на закосување | |
---|---|---|
0°–47° |
≤ 44° |
|
0°–47° | ≥ 45° |
|
0°–47° | ≤ 44° |
|
0°–47° | ≥ 45° |
За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот за обработка.
Не обработувајте делови за обработка, кои се премали за добро да се прицврстат.
- Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки (15) и (14).
- Вметнете ја испорачаната столарската стега (28) во отворите предвидени за таа намена (35).
- Прилагодете ја навојната прачка (52) на столарската стега според висината на делот што се обработува.
- Цврсто затегнете ја навојната прачка (52) и со неа фиксирајте го делот што се обработува.