Подесување на вертикалниот агол на закосување
Подесување на вкупниот вертикален опсег на аголот на закосување (види слика J)
Вертикалниот агол на закосување може да се подеси во граници од 47° (на левата страна) до 47° (на десната страна).
- Извлечете го граничникот (44) целосно нанапред.
Притоа можете да го користите целиот опсег на аголот на закосување (лево и десно). - Извлечете ја десната подеслива гранична водилка (15) целосно нанадвор одн. целосно отстранете ја.
Доколку сакате да го користите целото подрачје на аголот на закосување, мора целосно да ја извлечете нанадвор левата подеслива гранична водилка (15) одн. целосно да ја отстраните. - Олабавете го затезниот лост (41).
- Навалете ја рачката на алатот со дршката (9) кон лево или десно сè додека агломерот (42) или (31) не го покажува посакуваниот агол на закосување.
- Повторно затегнете го затезниот лост (41).
Поставување на вертикални стандардни агли на закосување (види слика K)
За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, постојат граничници за агли од 0°, 45°, 22,5° и 33,9°.
- Стандарден агол на закосување 0°:
навалете ја рачката на алатот со дршката (9) малку налево и притиснете го граничникот (44) целосно наназад.
Стандарден агол на закосување 45°, 33,9° и 22,5°:
свртете го левиот или десниот граничник (29), додека саканиот стандарден агол на закосување не се вклопи на ознаката за стрелка.