Зголемување на масата за сечење
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проширување за маса за сечење (види слика C)
Проширување за маса за сечење (10) ја проширува масата за сечење (4) кон десно за максимум 950 mm.
- Повлечете ја затезната дршка (20) за проширувањето на масата за сечење целосно нагоре.
- Извлечете го нанадвор проширувањето на масата за сечење (10) до саканата должина.
- Притиснете ја затезната дршка (20) надолу. На тој начин ќе се фиксира проширувањето на масата за сечење.