Поставување на паралелниот граничник (види слика D
Паралелниот граничник (9), може да се позиционира лево или десно од сечилото за пила. Ознаката на лупата (62) го покажува поставеното растојание на паралелниот граничник со сечилото за пила на скалата (1).
Позиционирајте го паралелниот граничник на саканата страна на сечилото за пила види Монтирање на паралелниот граничник (види слика f).
Подесување на паралелниот граничник
при неизвлечена маса за сечење
- Олабавете ја затезната дршка (43) на паралелниот граничник (9). Поместувајте го паралелниот граничник сè додека ознаката во лупата (62) не го покаже саканото растојание до сечилото на пила.
При неизвлечена маса за сечење важи долниот натпис на скалата (1). - За фиксирање, повторно притиснете ја затезната дршка (43) надолу.
Подесување на паралелниот граничник
при неизвлечена маса за сечење (види слика D)
- Позиционирајте го паралелниот граничник десно од сечилото за пила.
Поместувајте го паралелниот граничник додека ознаката на лупата (62) на скалата не покаже (1) 28 cm.
За фиксирање, повторно притиснете ја затезната дршка (43) надолу. - Повлечете ја затезната дршка (20) за проширувањето на масата за сечење целосно нагоре.
- Повлечете го проширувањето на масата за сечење (10) кон надвор, додека показателот на растојание (63) не го покаже саканото растојание до сечилото за пила на скалата (2).
- Притиснете ја затезната дршка (20) надолу.
На тој начин ќе се фиксира проширувањето на масата за сечење.