Замена на сечилото за пила (види слики k1−k4)
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- При ставањето на листот на пилата носете заштитни ракавици. Постои опасност од повреда.
- Употребувајте само сечила за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.
- Користете само листови на пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
- Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Со тоа ќе избегнете прегревање на запците на сечилото и топење на материјалот што се обработува.
- Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите листови на пила може лесно да се скршат.
Вадење на сечилото за пила
- Свртете ја курблата (17) во правец на стрелките на часовникот до крај, така што сечилото за пила (28) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција над масата за сечење.
- Спуштете го заштитниот поклопец (6).
- Подигнете го додатокот за маса (8) за отворот за држење (54) и извадете го од отворот за алат.
- Одвртете ја завртката со шестаголна глава (56) со прстенест клуч (35) во насока спротивна на стрелките на часовникот, додека со кукаст клуч (36) држите на стезната прирабница (55) во обратната насока.
- Извадете ја подлошката (57) и стезната прирабница (55).
- Извадете го сечилото за пила (28).
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
- Ставете го новото сечило за пила на приклучната прирабница (58) на вретеното на алатот.
Напомена: Не користете премали сечила за пила. Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот за расцепување смее да биде максимално 3 − 8 mm.
- При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на заштитниот поклопец!
- Поставете ја стезната прирабница (55), подлошката (57) и завртката со внатрешна шестаголна глава (56).
- Затегнете ја завртката со шестаголна глава (56) со прстенест клуч (35) во насока на стрелките на часовникот, додека со кукаст клуч (36) држите на стезната прирабница во обратната насока.
- Повторно ставете го додатокот за маса (8).
- Подигнете го заштитниот поклопец (6).