Фиксна или флексибилна монтажа
- За да се овозможи безбедно ракување, електричниот алат мора да се монтира пред употребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа).
Монтажа со подножје и заштита од превртување (види слики a1 − a3)
При монтажата користете ги сетовите за прицврстување „Подножје“ (37), „Заштита од превртување“ (38) и „Електричен алат“ (39)
- Прицврстете го подножјето (14). Цврсто затегнете ги завртките.
- Прицврстете ја заштитата од превртување (13) на подножјето.
- Поставете го електричниот алат на подножјето така што заштитата од превртување ќе покажува наназад.
- Прицврстете го електричниот алат на подножјето. За оваа цел се предвидени страничните дупки (31) на електричниот алат како и отворите на подножјето.
Монтажа без подножје (види слика b)
- Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки на работната површина. За тоа служат отворите (32).