Обем на испорака
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани:
- Столна тркалезна пила со монтирано сечило за пила (28)
- Сет за прицврстување „Електричен алат“ (39) (8 завртки за прицврстување, 8 подлошки)
- Подножје (14)
- Сет за прицврстување „Подножје“ (37) (16 завртки за прицврстување, 16 подлошки, 16 прстени за зацврстување, 16 навртки)
- Заштита од превртување (13)
- Сет за прицврстување „Заштита од превртување“ (38) (4 завртки за прицврстување, 8 подлошки, 4 прстени за зацврстување, 4 навртки)
- Аголен граничник (3)
- Профилна шина (50)
- Пеперутка-навртка „Профилна шина“ (51)
- Паралелен граничник (9)
- Дополнителен паралелен граничник (47)
- Сет за прицврстување „Дополнителен паралелен граничник“ (48) (2 завртки за прицврстување, 2 пеперутка-навртки)
- Клин за расцепување (27) со монтиран заштитен поклопец (6)
- Неповратна блокада (7)
- Прстенест клуч (35)
- Кукаст клуч/вилушкаст клуч (36)
- Подвижна водечка летва (15)
- Додаток за маса (8)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.