Безбедносни упатства за столни пили
- Чувајте ги штитниците на своето место. Штитниците мора да бидат во работна состојба и правилно монтирани. Доколку штитникот е олабавен, оштетен или не функционира правилно, тогаш мора да се поправи или да се замени.
- Секогаш кога сечете, користете штитник за сечило на пила, нож за раздвојување и уред против повратен удар. При целосно сечење, кога сечилото сече преку целата дебелина на делот што се обработува, штитникот и другите безбедносни уреди помагаат во намалување на ризикот од повреда.
- Откако ќе завршите со задачите со сечење без целосно пресекување, како што се рендање, вратете го ножот за раздвојување во исправена позиција. Со ножот за разделување во исправена позиција, повторно закачете го штитникот на сечилото и уредот против повратен удар. Штитникот, ножот за раздвојување и уредот против повратен удар помагаат во намалување на ризикот од повреда.
- Осигурајте се дека сечилото не е во допир со штитникот, ножот за раздвојување или делот што се обработува пред да го вклучите прекинувачот. Ненамерниот контакт на овие предмети и сечилото може да создаде опасни состојби.
- Прилагодете го ножот за раздвојување како што е објаснето во прирачникот за употреба. Несоодветниот простор, неправилната поставеност и центрирањето може да ја намалат можноста за спречување на одбивањето на ножот за раздвојување.
- За ножот за раздвојување и уредот против повратен удар да можат да работат, истите мора да се наоѓаат во делот што се обработува. Ножот за раздвојување и уредот против повратен удар, не се ефикасни при сечење на делови што се премногу кратки за сечење со нож за раздвојување. Под овие услови, ножот за раздвојување и уредот против повратен удар не можат да го спречат одбивањето.
- Користете соодветно сечило за ножот за раздвојување. За правилна работа на ножот за раздвојување, дијаметарот на сечилото мора да одговара на соодветниот нож за раздвојување и телото на сечилото мора да биде потенко од дебелината на ножот за раздвојување и ширината на сечење на сечилото мора да биде пошироко од дебелината на ножот за раздвојување.
- ОПАСНОСТ: Никогаш не ги ставајте прстите или рацете во близина, или во иста линија со сечилото. Еден момент на невнимание или излизгување може да ја ви ја насочи раката кон сечилото и да доведе до сериозна повреда.
- Вметнете го делот што се обработува во сечилото спротивно од насоката на вртење. Доколку го вметнете делот што се обработува во насока на вртење на сечилото над работната површина, тогаш може да дојде до повлекување на делот што се обработува и вашата рака во сечилото.
- Никогаш не го употребувајте граничникот за вметнување на делот што се обработува при негово расцепување, и не го употребувајте паралелниот граничник како обележувач на должината при напречно сечење заедно со граничникот. Доколку истовремено го насочите делот за обработка со граничникот за напречно сечење и паралелниот граничник, тогаш ќе се зголеми можноста за замотување и одбивање.
- При расцепување, секогаш држете го делот што се обработува во целосен контакт со граничникот и секогаш вметнувајте го делот што се обработува меѓу граничникот и сечилото. Користете водечка летва кога растојанието меѓу граничникот и сечилото е помало од 150 mm, и користете блокови кога растојанието е помало од 50 mm. „Помошните работни“ уреди ги одржуваат рацете на безбедно растојание од сечилото.
- Користете само водечка летва обезбедена од производителот или изработена според упатството. Со оваа водечка летва се обезбедува соодветно растојание на раката од сечилото.
- Никогаш не користете оштетена или исечена водечка летва. Оштетена или исечена водечка летва може да се скрши и да предизвика лизгање на раката на сечилото.
- Не преземајте никаква активност со „слободната рака“. Секогаш користете паралелен граничник или граничник за позиционирање и насочување на делот што се обработува. „Слободна рака“ значи користење на рацете за држење или насочување на делот што се обработува, наместо паралелен граничник или граничник. Сечење со слободна рака води до погрешно насочување, замотување и одбивање.
- Никогаш не се посегнувајте околу или преку сечило кое работи. Посегнувањето по делот што се обработува може да доведе до случаен контакт со сечило кое ротира.
- Обезбедете помошен држач за делот што се обработува на задниот, и/или страничниот дел на работната површина за порамнување на долги и/или широки делови. Долг и/или широк дел што се обработува може да се навали на работ на работната површина и да предизвика губење контрола, виткање и одбивање на сечилото.
- Вметнете го делот што се обработува со рамномерна брзина. Не го свиткувајте, вртете или преместувајте делот што се обработува од една на друга страна. Во случај на заглавување, веднаш исклучете го алатот, исклучете го електричниот приклучок и отстранете ја пречката. Заглавувањето на сечилото во делот што се обработува може да предизвика одбивање или откажување на моторот.
- Не ги отстранувајте отсечените парчиња додека работи пилата. Материјалот може да се заглави помеѓу паралелниот граничник или во граничникот на сечилото и вашите прсти може да влезат во сечилото. Исклучете ја пилата и почекајте додека сечилото да застане пред да го отстраните материјалот.
- Користете помошен граничник во контакт со работната површина при расцепување на делот што се обработува ако е потенок од 2 mm. Тенок тел што се обработува може да се вклешти под паралелниот граничник и да предизвика одбивање.
Одбивање е ненадејна реакција на делот што се обработува заради приклештено, заглавено сечило или нерамномерно сечење на делот што се обработува во однос на сечилото или кога парче од делот што се обработува ќе се најде помеѓу сечилото и паралелниот граничник или друг фиксен предмет.
Најчесто во текот на одбивањето, делот што се обработува се подига од работната површина со задниот дел од сечилото и се насочува кон операторот.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки наведени подолу.
- Никогаш не стојте директно во линија со сечилото. Секогаш позиционирајте го телото на иста страна со сечилото, како паралелниот граничник. Одбивањето може да го насочи делот што се обработува во близина на лице кое стои пред и во иста линија со сечилото.
- Никогаш не пристапувајте преку или зад сечилото за да го повлечете или поддржите делот што се обработува. Може да дојде до случаен контакт со сечилото или одбивањето може да ги повлече вашите прсти во сечилото.
- Никогаш не го држете или притискајте делот што се сече на сечило кое ротира. Притискањето на делот што се сече на сечилото ќе предизвика услови за виткање и одбивање.
- Израмнете го граничникот со сечилото. Ако граничникот не е израмнет, делот што се обработува ќе се заглави на сечилото и ќе се одбие.
- Користете плоча со засеци за насочување на делот што се обработува на работната површина, и граничник кога правите кратки засеци, како на пр. за жлебови. Плочата со засеци помага за контрола на делот што се обработува во случај на одбивање.
- Потпрете ги големите делови што се обработуваат за да го намалите ризикот од приклештување или одбивање на сечилото. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Држачот(е) мора да бидат поставени под деловите на панел плочата кои се издадени надвор од работната површина.
- Обрнете дополнително внимание при сечење на делот што се обработува ако е извиткан, има чворови, ако е деформиран или нема прави рабови за насочување со паралелен граничник или покрај граничникот. Дел што се обработува со чворови, кој е деформиран или извиткан не е стабилен и предизвикува нерамномерност на засекот со сечилото, виткање или одбивање.
- Никогаш не сечете повеќе парчиња за обработување, вертикално или хоризонтално поставени. Сечилото на пилата може да собере едно или повеќе парчиња и да предизвика одбивање.
- При повторно стартување на пилата чиешто сечило се наоѓа во делот што се обработува, центрирајте го сечилото во засекот, така да запците на сечилото не се навлезени во материјалот. Доколку сечилото се витка, може да отскокне од делот што се обработува и да предизвика одбивање кога се рестартира пилата.
- Сечилата одржувајте ги чисти, остри и во добра состојба. Никогаш не користете искривени сечила, или сечила со пукнати или скршени запци. Остри и правилно поставени сечила го намалуваат виткањето, откажувањето или одбивањето.
- Исклучете ја столната пила и извадете го кабелот од струја при вадење на влошката од работната површина, промена на сечилото или, при прилагодување на ножот за раздвојување или граничникот на сечилото, и кога машината е оставена без придружба. Со мерките на претпазливост ќе се избегнат несреќи.
- Никогаш не ја оставајте столната пила да работи без придружба. Исклучете го и не го оставајте алатот додека целосно не прекине со работа. Пила која работи без придружба е неконтролирана опасност.
- Столната пила поставете ја на добро осветлено место и нивелирана површина, каде може добро и рамномерно да се постави. Треба да се инсталира на место, со доволно простор за лесна обработка на делот што се обработува. Ограничен темен простор и ненивелирани лизгави подови предизвикуваат несреќи.
- Често чистете и отстранувајте ги струготините под работната површина, и/или од садот за собирање прав. Насобраните струготини се запаливи и може да се запалат самите.
- Столната пила мора да биде обезбедена. Недоволно обезбедена столна пила може да се придвижи и преврти.
- Отстранете ги алатите, дрвените отпадоци и др. од работната површина пред вклучување на столната пила. Одвлекување на вниманието или потенцијална гужва може да бидат опасни.
- Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што ќе предизвика губење на контрола.
- Никогаш не користете оштетени или неправилни средства за монтирање на сечилото, како на пр. прирабници, дихтунзи, гвинтови или завртки. Овие средства за монтирање се специјално дизајнирани за вашата пила, за безбедно и оптимално работење.
- Никогаш не застанувајте на столната пила, не ја користете за качување. Може да настане сериозна повреда доколку го допрете или случајно стапите во контакт со алатот за сечење.
- Проверете дали сечилото е инсталирано за да ротира во правилна насока. Не користете брусни дискови, жичени четки или абразивни дискови на столната пила. Неправилно инсталирање на сечилото или користење на дополнителна опрема што не се препорачува може да предизвика сериозна повреда.