Монтирање на заштитен уред
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.
Ставете го заштитниот капак (11) на прифатот од електричниот алат, додека кодираните запци на заштитниот капак не се поклопат со прифатот. Притоа, притиснете го и држете го лостот за отклучување (1).
Притиснете го заштитниот капак (11) на грлото на вретеното додека венецот на заштитниот капак не легне на прирабницата на електричниот алат и вртете го заштитниот капак додека не осетите дека се вклопил.
Подесете ја позицијата на заштитната хауба (11) според потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го лостот за отклучување (1) нагоре и завртете го заштитниот капак (11) во саканата позиција.
- Секогаш поставувајте го заштитниот капак (11) така што двата запци на лостот за отклучување (1) во соодветните отвори на заштитниот капак (11) ќе влезат.
- Поставете ја заштитната хауба (11) на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.
- Заштитниот капак (11) смее да се врти само со притискање на лостот за отклучување (1)! Инаку, електричниот алат не смее да се користи и мора да се предаде на сервисната служба.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (11) гарантираат, дека на електричниот алат може да се монтира само еден заштитен капак што му одговара.
За брусење на бои, лакови и пластика со лончести плочи од цврст метал (14) каде што не се создава многу прав може да го користите капакот за всисување (10). Капакот за всисување (10) не е погоден за обработка на метал.
На капакот за всисување (10) може да се приклучи Bosch-всисувач. За таа цел, ставете го цревото за всисување со адаптерот за всисување во предвидените делови за вметнување на хаубата за всисување.
Навртете ја дополнителната рачка (8)/(9) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на работа.
- Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (8)/(9).
- Не продолжувајте со работа со електричниот алат, ако дополнителната рачка (8)/(9) е оштетена. Не вршете промени на дополнителната рачка (8)/(9).
Дополнителната рачка за придушување на вибрациите (9)овозможува работење со мали вибрации и пријатна и безбедна работа.