Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Заштитен капак (види слика E)
Монтирајте го заштитниот капак (16), пред да го приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак (16) на електричниот алат на тој начин што држачите ќе се вклопат на заштитата од допир (11).
Извадете го заштитниот капак (16) за работење без всисувач за прашина како и за сечење под агол. Извлечете го заштитниот капак нанапред од заштитата на допир (11).
Вклучување на системот за всисување прав (види слики F–G)
Поставете ги млазниците за всисување (17) во вдлабнатините на основната плоча (5).
Внимавајте запците да се вклoпат во млазниците за всисување, како што е прикажано на сликата F во соодветниот на основната плоча (5).
Ставете едно црево за всисување (18) на млазниците за всисување (17). Поврзете го цревото за всисување (18) со всисувач за прашина (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја заштитата од кинење (15).
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако го имате приклучено всисувачот за прашина.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.