Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
- Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За Вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред, така што на прекинувачот ќе се појави „I“.
За Исклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) наназад, така што на прекинувачот ќе се појави „0“.
- Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (2) држете го притиснат и турнете ја блокадата (1) кон десно или лево.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2). Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (2) е блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (2) се постигнуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.
Со копчето за подесување на претходното избирање на број на работни одови (3) можете истите претходно да ги изберете и потоа да ги промените во текот на работата.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови:
- кога го поставувате сечилото на пилата на делот што се обработува за да може попрецизно да го поставите сечилото на пилата,
- при сечење на пластика и алуминиум за да се спречи топење на материјалот.
При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.