Ставање во употреба

  • Прекинувачот за менување на правецот на вртење (3) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (3) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (6) е притиснат ова не е возможно.

Десен тек: За дупчење и навртување на завртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење (3) на левата страна надолу и истовремено на десната страна нагоре.

Лев тек: За олабавување и одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење (3) на левата страна нагоре и истовремено на десната страна надолу.

Дупчење и одвртување

Поставете го прекинувачот (2) на ознаката „Дупчење“.

Ударно дупчење

Поставете го прекинувачот (2) на ознаката „Ударно дупчење“.

Прекинувачот (2) ќе се вклопи и може да се активира и додека работи моторот.

  • Со прекинувачот за избор на брзина (7) може да ракувате доколку електричниот уред работи со бавна брзина. Сепак тој не смее да се активира при мирување, целосно оптоварување или максимален број на вртежи.

Со прекинувачот за избор на брзини (7) може да изберете 2 брзини.

Доколку прекинувачот за менување брзини (7) не може да се навали до крај, свртете го малку погонското вратило со дупчалката.

Брзина

Позиција

Број на вртежи

Област на примена

Брзина I:

ниско

За работење со голем дијаметар на дупчење или за навртување.

Брзина II:

Високо

За работење со мал дијаметар на дупчење.

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и држете го притиснат.

За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (6) притиснете го копчето за фиксирање (4).

За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (4), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и потоа отпуштете го.

Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува.

За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување / исклучување и притиснете го двапати.

  • Ако функцијата KickBack Control е дефектна, електричниот алат не се вклучува. Поправката на електричниот алат смее се изврши само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови.

За да се ограничат високите реакциски моменти, електричниот алат е опремен со спојка за заштита од преоптоварување (анти-ротација).

  • Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба.
  • Исклучете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на блокирање.

Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (6).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (6) се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.

Со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи (5) може да го изберете потребниот број на вртежи/удари и за време на користењето на алатот.

Неопходниот број на вртежи/удари зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.

Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (6) не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на алатот ќе се фиксира .

Ова овозможува користење на електричниот алат како одвртувач.