Промена на алат (види слика A)
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот за алат, може да се олабави за време на одвртувањето.
Поставете го алатот за вметнување (12) на четириаголниот прифат за алат (1).
Прицврстете го алатот за вметнување (12) со клин за заклучување или затезен прстен.