Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.

Ознаки и нивно значење

Не насочувајте го ласерскиот зрак кон лица или животни и не гледајте директно во него или во неговата рефлексија.

Носете заштитни очила.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако лентите светат на приказот за преоптоварување во близина на левата ознака, работното оптоварување е многу високо.
Намалете го работното оптоварување или исклучете го моторот, инаку ќе се активира заштитата од преоптоварување и моторот автоматски ќе се исклучи.

Ако лентите светат на приказот за преоптоварување во близина на десната ознака, работното оптоварување е во оптималниот опсег и нема преоптоварување.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Уредот не е опремен за надворешна употреба при дожд.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Проверете дали безбедносната лента функционира правилно пред да ја употребите. Никогаш не користете оштетена безбедносна лента. Веднаш заменете ја.

Лицата со пејсмејкери или други медицински импланти не смеат да го користат овој електричен алат.

Носењето на метални предмети и часовници е забрането. Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! При дупчење во вертикални површини електричниот алат мора да се осигура со безбедносна лента на плафон и на косини.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не ја држете раката под електричниот алат и опремата ако ги менувате.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Пред дупчењето проверете дали е доволна јачината на магнетот. Површината на делот што се обработува мора да е рамна, чиста и доволно дебела.