Полнење на литиум-јонскиот батериски пакет (опрема)
- За полнење, користете го препорачаниот USB-мрежен напојувач или USB-мрежен напојувач, чиј излезен напон и минимална излезна струја ги исполнуваат барањата во поглавјето „Технички податоци“. Притоа внимавајте на упатството за користење на USB-мрежниот напојувач. Препорачан мрежен напојувач: види „Технички податоци“.
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач. Мрежните напојувачи означени со 230 волти исто така може да се користат и на 220 волти.
- Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети поради интернационалните прописи за транспорт. За да се обезбеди целосна моќност на батеријата, целосно наполнете ја батеријата пред првата употреба.
USB-отворот за поврзување на USB-кабел (21) и контролната сијаличка за полнење може да ги најдете под поклопецот на USB-отворот (22) на литиум-јонскиот батериски пакет (19) (опрема).
- Отворете го поклопецот на USB-отворот (22).
- Поврзете го USB-кабелот (21).
- За време на процесот на полнење, приказот за батерии може да отстапува од актуелната состојба на наполнетост на литиум-јонскиот батериски пакет (19) (опрема).
- За време на полнењето, контролната сијаличка за полнење свети жолто.
- Доколку литиум-јонскиот батериски пакет (19) (опрема) е целосно наполнет, контролната сијаличка за полнење свети зелено.
- Црвена контролна сијаличка за полнење сигнализира дека напонот на полнење или струјата за полнење се несоодветни.