Менување на брусните листови

Пред да ставите ново брусно сечило, отстранете ги нечистотијата и правта од брусната плоча (6), на пр. со четкичка.

За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусното сечило да одговараат со отворите на основната брусна плоча.

Брусни листови без леплива лента (види слики CE)

Притиснете на копчето за отклучување (8) и држете го притиснато.

Водете го брусниот лист (7) до крај под отворениот преден терминален блок (9) и отпуштете го копчето за отклучување (8). Внимавајте на затегнатоста на брусниот лист во средината.

Притиснете ја рачката за блокада (5) и држете ја притисната.

Брусниот лист (7) поставете го цврсто околу брусната плоча. Водете го другиот крај на брусниот лист (7) под отворениот заден терминален блок (4).

Држете го брусниот лист затегнат и отпуштете ја рачката за блокада (5), за да го фиксирате брусниот лист.

Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со алатот за дупчење (13) за всисување на прав. Електричниот алат со монтиран брусен лист притиснете го на алатот за дупчење (види слика F).

За да го извадите брусниот лист (7) притиснете ја рачката за блокада (5) и извлечете го брусниот лист од неговиот заден држач. Притиснете го копчето за отклучување (8) и целосно извадете го брусниот лист.

Избирање на брусен лист

Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни брусни листови:

Гранулација

За обработка на сите дрвени материјали

40 – 240

За претходно брусење, на пр. за груби нерендани греди и даски

грубо

40, 60

За рамно брусење и израмнување на мали нерамнини

средно

80, 100, 120

За завршно и фино брусење на цврсти дрва

фино

180, 240

За обработка на обоени/лакирани слоеви одн. подлоги, како маса за полнење и шпахтел маса

40 – 320

За брусење на боја

грубо

40, 60

За брусење на основната боја

средно

80, 100, 120

За крајно брусење на основната боја пред лакирање

фино

180, 240, 320