Вадење/замена на контактниот елемент (види слика C)
Контактниот елемент може да се извади за време на чистењето или замената.
GNB 18V‑38: користете го само стандардниот контактен елемент (17).
GNB 18V‑40: користете го соодветниот контактен елемент според примената:
- Стандардниот контактен елемент (17) е погоден за вметнување клинци и (во комбинација со магнетниот прстен (24)) за поставување челични елементи за прицврстување.
- Тесниот контактен елемент (23) е погоден за поставување пластични елементи за прицврстување.
Извадете ја батеријата (10). Испразнете го магацинот (12) и извадете го.
Повлечете го копчето за отклучување (16) на контактниот елемент и извлечете го контактниот елемент (17) или (23) од електричниот алат.
Притискајте го исчистениот или новиот контактен елемент (17) или (23) додека не се фиксира во електричниот алат.