Ставање во употреба
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (11) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (12) е притиснат ова не е возможно.
Десен тек: Турнете го прекинувачот за правец на вртење (11) од двете страни се до крај во позиција . | |
Лев тек: Турнете го прекинувачот за правец на вртење (11) од двете страни се до крај во позиција . |
Дупчење
GSR 18V-90 C
Поставете го прстенот за предизбор на вртежен момент (3) на ознаката „Дупчење“, за да го постигнете максималниот вртежен момент за дупчење и завртување.
GSB 18V-90 C
Поставете го прстенот за избор на режимот на работа (4) на ознаката „Дупчење“, за да го постигнете максималниот вртежен момент за дупчење и завртување.
Завртување
GSR 18V-90 C
Поставете го прстенот за предизбор на вртежен момент (3) на саканиот вртежен момент.
GSB 18V-90 C
Поставете го прстенот за претходно подесување на видот на режим (4) на ознаката „Завртување“.
Поставете го прстенот за предизбор на вртежен момент (3) на саканиот вртежен момент.
Ударно дупчење
GSB 18V-90 C
Поставете го прстенот за претходно подесување на видот на режим (4) на ознаката „Ударно дупчење“.
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) и држете го притиснат.
LED светилката (18) свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (12) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12).
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (12).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (12) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.
Кога ќе се активира прецизната спојка, можете однапред да го изберете потребниот вртежен момент во 20 чекори со помош на прстенот за подесување на вртежниот момент (3). Штом ќе се постигне вртежниот момент, алатот за вметнување запира. Кога прецизната спојка е деактивирана, спојката се преоптеретува и алатот за вметнување не запира.
- Прекинувач за избор на брзина (5) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
- Прекинувачот за избор на брзини секогаш притискајте го до крај. Инаку електричниот алат може да се оштети.
Со прекинувачот за избор на брзини (5) може да изберете 2 брзини.
Позиција на прекинувачот за избор на брзини (5) | Број на вртежи | Вртежен момент | Област на примена |
---|---|---|---|
1 | ниско | Високо | За тешки задачи: на пр. дупчење и навртување со голем дијаметар |
2 | Високо | ниско | За лесни задачи: на пр. дупчење и навртување со мал дијаметар |
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При преголемо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на работната температура, се намалува бројот на вртежи или се исклучува електричниот алат. Дури по постигнувањето на дозволената работна температура, електричниот алат повторно работи со полн број на вртежи.
Заштитата од преоптоварување, која зависи од температурата, се прикажува со црвено светење на LED-сијаличката (15) на електричниот алат.
- За повторно да се достигнат дозволените граници на работната температура, работете со електричниот алат во празен од или чекајте додека LED сијаличката (15) не свети зелено повторно.
Кога LED сијаличката (15) свети во зелена боја, уредот повторно ја има постигнато дозволената граница на работна температура.
Корисничкиот интерфејс (9) служи за активирање и деактиривање на прецизната спојка „Precision Clutch“ и брзо исклучување „KickBack Control“ како и за прикажување на состојбата на електричниот алат.
Прецизна спојка (Precision Clutch)
Прецизната спојка го запира преоптоварувањето кога ќе се достигне поставениот вртежен момент и се намалува абењето на спојката и емисијата на звук.
Прецизната спојка може да се деактивира на корисничкиот интерфејс (9) со копчето Precision Clutch (19). Моменталната состојба се прикажува преку Precision Clutch-LED сијаличката (20) на корисничкиот интерфејс (9).
Брзо исклучување (KickBack Control)
Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува.
Брзото исклучување на електричниот алат се прикажува со црвено трепкање на LED сијаличката (15), трепкање на работното светло (18) како црвено светкање на LED сијаличката за KickBack Control (16) на електричниот алат.
За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување и одново притиснете го.
- Ако функцијата KickBack Control е дефектна, електричниот алат не се вклучува. Поправката на електричниот алат смее се изврши само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови.
Брзото исклучување може да се деактивира на корисничкиот интерфејс (9) со копчето KickBack Control (17). Доколку електричниот алат не се користи повеќе од 5 минути или се извади акумулаторската батерија, автоматски се вклучува брзото исклучување. Моменталната состојба се прикажува преку Kick-Back Control-LED сијаличката (16) на корисничкиот интерфејс (9).
- Напомена: светлото за предупредување на LED сијаличките не е видливо од сите насоки! Доколку има јака светлина од сонцето, светлото за предупредување тешко може да се препознае.
Прикажување на состојбата на електричниот алат | Значење/причина | Решение |
---|---|---|
Зелено | Статус OK | – |
Жолто | Достигната е критичната температура, акумулаторската батерија е речиси празна или KickBack Control е исклучена | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади, наскоро заменете одн. наполнете ја акумулаторската батерија или притиснете на KickBack Control копчето |
Свети црвено | Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна | Оставете да се олади електричниот алат или заменете одн. наполнете ја акумулаторската батерија |
Трепка црвено | Брзото исклучување е активирано | Исклучете и повторно вклучете го електричниот алат |
Трепка сино | Електричниот алат е поврзан со мобилен уред или поставките се пренесуваат | – |
Во поврзување со Bluetooth® Low Energy GCY 42 / GCY 42 NC модулот на располагање ги имате следните Connectivity-функции за електричниот алат:
- Регистрирање и персонализирање
- Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
- Општи информации
- Управување
- Вклучување/исклучување на работното светло
- Поставување на осветленоста и траењето на дополнителното светење на работното светло
- Поставување на осветленоста на корисничкиот интерфејс и дополнителното светење
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 / GCY 42 NC прочитајте го соодветното упатство за употреба.