Кориснички интерфејс (види слика C)

Корисничкиот интерфејс (7) служи за претходно избирање на бројот на вртежи и на режимот на работење, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат.

Прикази за состојба

Прикажување на состојбата на електричниот алат (11)

Значење/Причина

Решение

Зелено

Статус OK

Жолто

Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна

Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Свети црвено

Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна

Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Трепка сино

Електричниот алат е поврзан со мобилен уред или поставките се пренесуваат