Работа со батерии
За да се префрлите од литиум-јонски батериски пакет (12) на батерии/NiMH-акумулаторски батерии, извадете го литиум-јонскиот батериски пакет (12).
За работење со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии или NiMH-акумулаторски батерии.
Ставете ги батериите одн. акумулаторските батерии внатре.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Ставете го поклопецот на преградата за батерии (16) и фиксирајте го.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
- Доколку не сте го користеле мерниот уред подолго време, извадете ги батериите одн. акумулаторските батерии од мерниот уред. При подолго складирање, батериите и акумулаторските батерии во мерниот уред може да кородираат.