Ставање во употреба
При работа на електричниот алат со мобилни произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не располагаат со соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење на јачината или нетипично однесување при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот на струја, особено во поглед на мрежниот напон и фреквенција.
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
Вклучување/исклучување
Конструкција на прекинувачот со блокада
(GWS 18-125 L / GWS 18-125 SL / GWS 18-125 L Inox / GWS 18-150 L)
За ставање во употреба на алатот на електричниот алат, прво притиснете ја нанапред рачката за ослободување (4) ➊, потоа притиснете и задржете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) ➋.
За заклучување на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (5) лизнете го прекинувачот за исклучување/вклучување (5) нанапред ➌.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) ➋ и потоа отпуштете го ➍ .
Конструкција на прекинувачот без блокада
(GWS 18-125 PL / GWS 18-125 SPL / GWS 18-125 PL Inox)
За ставање во употреба на електричниот алат, прво притиснете ја нанапред рачката за ослободување (4)➊. Потоа притиснете и задржете ја рачката ➌.
За да го исклучите, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) ➍.
- Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.