Промена на алат
Капакот за заштита од прав (4) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (4) е оштетен.
- Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Замена на алат SDS plus
Ставање на SDS plus-алатот за вметнување (види слика D)
Со SDS plus главата за дупчење може едноставно и лесно без користење на дополнителни алати да го замените алатот што се вметнува.
- Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го.
- Алатот за вметнување ставете го со вртење во прифатот на алат (3) додека самиот не се заклучи.
- Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот.
Со SDS plus-алатот за вметнување може слободно да се маневрира поради системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката, бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS plus-алатот за вметнување (види слика E)
- Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.
Замена на алат, брзозатегнувачка заменлива глава за дупчење
Ставање на алатот за вметнување (види слика F)
Напомена: Не користете алати без SDS plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS plus и главата за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење или длетување.
- Вметнете ја брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1) со интегрирано запирање на ударот.
Напомена: Користете ја специфичната брзозатегнувачка заменлива глава за дупчење со интегрирано запирање на ударот исклучиво за GBH 18V-34 CF. Само со оваа глава за дупчење можете да осигурате дека пневматскиот ударен механизам на чеканот за дупчење нема да ги оштети алатите за вметнување.
- Држете го цврсто затезниот прстен (22) на брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура (21) додека не дојде во позиција каде може да се вметне алатот. Држете го цврсто затезниот прстен (22) и вртете ја предната чаура (21) во правец на стрелката, додека не слушнете дека е вклопена.
- Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај, при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува, а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура (21) во правец спротивен на стрелката. Потоа може да се затвори алатот за прифат.
- Свртете го комбинираниот прекинувач (7) во позиција „Дупчење“.
Вадење на алатот за вметнување (види слика G)
- Држете го цврсто затезниот прстен (22) на брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура (21) во правец на стрелката, додека не дојде во позиција каде може да се извади алатот.