Безбедносни напомени за всисувачи
Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
- Овој всисувач не е предвиден за користење од страна на деца и лица со намалени психички, физички или душевни способности или недоволно искуство и знаење. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
- Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со всисувачот.
- Почитувајте ги сите безбедносни прописи за материјалите што треба да се всисуваат.
Не всисувајте материјали што содржат азбест. Азбестот важи за канцероген.
Всисувачот користете го само доколку имате доволно информации за користењето, за материјалот што се всисува и за негово безбедно отстранување. Деталните инструкции ја намалуваат опасноста од погрешна употреба и повреди.
Всисувачот е наменет за всисување на суви материи, а со соодветни дополнителни мерки и за всисување на течности. Навлегувањето на течности го зголемува ризикот од електричен удар.
- Со всисувачот не всисувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не всисувајте жешка, запалива или експлозивна прав. Не го користете всисувачот во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.
Веднаш исклучете го всисувачот, доколку почне да излегува пена или вода и испразнете го контејнерот. Инаку всисувачот може да се оштети.
- ВНИМАНИЕ! Всисувачот смее да се складира само во внатрешен простор.
- ВНИМАНИЕ! Редовно чистете ја корпата за пловката така што ќе ја избришете надворешната нечистотија со влажна крпа. Исчистете ја пловката со нежно тресење на всисувачот. За потешка контаминација што не се решава вака, контактирајте со сервисот за поправка на Bosch Professional. Не отстранувајте ја корпата за пловката, инаку погрубите нечистотии може да навлезат во турбината и да го оштетат всисувачот.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Пред користењето, проверете дали цревото за всисување е во беспрекорна состојба. При монтирањето на цревото на всисувачот, проверете да не излегува прав. Инаку може да ја вдишете правта.
- Всисувачот смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на всисувачот.
- Ако всисувачот се користел на места со опасни материи, исчистете ја, избришете ја или запечатете ја надворешната страна на всисувачот пред да ја отстраните од опасната област. Сите делови на всисувачот се сметаат за контаминирани и мора да преземете соодветни мерки за да се осигурате дека супстанциите опасни по здравјето не можат да се шират.
Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.
- Не го чистете всисувачот со директно насочен млаз вода. Навлегувањето на вода во горниот дел од всисувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
- Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
- Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
- Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. |
- Исклучете го всисувачот штом ќе излезе прашина и испразнете го садот. Инаку всисувачот може да се оштети.
- Не го користете всисувачот како предмет за седење. Може да го оштетите всисувачот.
- Не работете со всисувачот кога го носите со ременот за носење. При всисување можете да се сопнете и да паднете на ременот за носење.
- Користете го ременот за носење исклучиво со всисувачот.
- Не ги оставајте децата без надзор за време на чистењето или одржувањето на вшмукувачот.
Вербалниот жиг Bluetooth® како и логоата се регистрирани трговски марки и се сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секоја употреба на овој вербален жиг/лого се извршува со Robert Bosch Power Tools GmbH лиценца.